Европски Форум за културна мобилност 29-ти и 30-ти Април 2026 во Скопје

мобилност

Скопје ќе биде домаќин на Форумот за културна мобилност 2026 кој е во организација на европската мрежа за културна соработка  On the Move. Годинешниот форум ќе биде  посветен на праведноста во културната мобилност за организациите и поединците кои творат во полето на културата како  и  на можностите за културна соработка со и во рамките на ЕУ за оние земји и нивните автори кои  не се дел од ЕУ.

Темата на праведноста во културната мобилност ги истражува и преиспитува системските рестрикции и  не еднаквости за уметниците и културните организации и работници вон ЕУ (вклучително и државите на западен Балкан) кои делуваат и сакаат да делуваат во Европскиот културен простор.

На форумот уметниците и организациите од повеќе европски земји но и од западен Балкан и кавкаскиот регион ќе имаат можност да дискутираат за начините за надминување на овие предизвици, како и за обезбедување поеднаков пристап до културни ресурси и можности кои се дел од програмите на ЕУ но се тешко достапни за културните чинители вон земјите на Европската унија.

Една од главните цели на овој форум е создаде заеднички став и препораки за да ги засили гласовите на оние кои најмногу се засегнати од неправдите во културната мобилност на европско ниво.  Форумот има за цел да ја преосмисли културната мобилност како основно право, наместо привилегија за мал број избрани. Одржувањето на Форумот во Скопје ја нагласува посветеноста кон регионалните перспективи и го става во фокус локалниот културен контекст. Форумот за културна мобилност ќе се оддржи во Скопје на 29ти и 30 април во просторот на Албанскиот Театар и МКЦ.

Програмата вклучува панел-дискусии за уметнички резиденции, градење правичност, финансирање на мобилност, визи и праведност, со учество на реномирани говорници кои делуваат во меѓународниот културен екосистем. Форумот исто така го става во фокус Балканскиот регион и неговата актуелна уметничка сцена.

На 30 април, учесниците ќе имаат можност да се запознаат и со уметничкиот пејзаж на Скопје и да ја откријат локалната уметничка сцена, вклучувајќи уметност во јавен простор, визуелни уметности, изведувачки уметности и музика, во партнерство со Faculty of Things that Can’t Be Learned / АКТО фестивал за современи уметности, Центар Јадро, Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата, Creative Europe Desk – Северна Македонија, Password Production и Лабораториум.

Според зборовите на генералната секретарка на мрежата On the Move, Marie Le Sourd, овогодинешниот  Форум има за цел да поттикне значајни размени во културата помеѓу членките на ЕУ европските и државите во опкружувањето кои сеуште не се дел од ЕУ со цел да се отвори дијалог и да создададат нови и силни врски и соработки преку комбинирање на критичка дебата и практични искуства,  Во рамките на форумот учесниците ќе имаат можност  заеднички да го истражуваат концептот на ‘праведност во мобилноста’.

Организатор на форумот е европската мрежа On the Move во соработка со Платформата Кооператива.

On the Move е меѓународна информативна и застапувачка мрежа фокусирана на уметничка и културна мобилност  со фокус на праведноста во мобилноста и глобалните трендови во уметничката мобилност. Мрежата  обединува широк спектар на експерти и организации кои


Kooperativa – Platforma за културна соработка  е мрежа на организации за независна култура во Југоисточна Европа, со седиште во Загреб, Хрватска и подружница во Скопје. Платформата Кооператива е заеднички основана од 21 организација од независната култура од земјите во регионо на западен Балкант: Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Косово, Северна Македонија, Словенија и Србија, и брои 40 активни членови кои делуваат во сите области на современото културно и уметничко творештво.

Целосната програма е достапна онлајн, на следниот линк
on-the-move.org/about/our-news/cultural-mobility-forum-2026-skopje-republic-north-macedonia  а регистрацијата е бесплатна и трае до 15 април.

Зачлени се на нашиот е-билтен