Орбан напиша на Фејсбук дека разговорал со српскиот претседател Александар Вучиќ во врска со пронајдениот експлозив во близина на гасоводот што води кон Унгарија.
„Српските власти пронајдоа експлозив со деструктивна моќ и средства потребни за негово активирање во близина на критичната гасна инфраструктура, која ги поврзува Србија и Унгарија. Истрагата е во тек“, додаде тој.
Свикав итен состанок на Советот за одбрана за денес попладне, истакна премиерот на Унгарија.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека се води истрага на територијата на општина Кањижа, каде што денес беа пронајдени два големи пакети експлозиви со стапчиња, и дека чека надлежното обвинителство да го квалификува овој случај.
„Сега разговарав со раководителот на контраразузнавачката служба, разговарав и со луѓе од полицијата. Чекаме обвинителите, ќе чекаме обвинителот да даде квалификација. Мислам дека Вишото обвинителство во Суботица е надлежно“, изјави Вучиќ за новинарите по посетата на градилиштето на Експо.
„Нашите единици пронајдоа експлозиви со разорна моќ и средства потребни за нивно активирање. Му кажав на премиерот Орбан дека ќе го информираме за понатамошниот тек на истрагата“, истакна Вучиќ.