Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Украинските сили го гранатираа градот Нова Каховка, соопштија официјални претставници назначени од Русија

Украинските сили гранатираа станбена област во градот Нова Каховка, при што е повредено едно лице, јавија светските агенции, цитирајќи ја градската управа назначена од Москва.

Минатата недела, браната Каховка беше уништена, што предизвика големи поплави и принуди илјадници луѓе да ги напуштат своите домови. Тоа беше една од најголемите индустриски несреќи во Европа во последните децении.

Според управата, поради гранатирањето на блиското село Плодово има прекин на струјата. 

Украина и Русија негираат дека цел на нивните воени операции биле цивили. Двете страни разменија обвинувања за гранатирање на поплавените подрачја по пробивањето на браната Каховка.

Градската управа исто така соопшти дека околу 7.200 луѓе, меѓу кои 421 дете, биле евакуирани од поплавените подрачја во изминатата недела.

Зачлени се на нашиот е-билтен