Вонредно обраќање на Трамп, нареди да се блокира Ормускиот теснец и напад кон бродови

Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп нареди американската морнарица веднаш да почне процес на блокада на Ормускиот теснец, по неуспехот на маратонските разговори меѓу САД и Иран во Исламабад. Со ова, кризата на Блискиот Исток влегува во нова, уште поопасна фаза, бидејќи станува збор за еден од најважните енергетски премини во светот.

Според објавеното, Трамп наложил американските сили да пресретнуваат и пловила што платиле такса на Иран за минување низ теснецот, да се блокираат а ако одбијат да бидат уништени. Истовремено најави и уништување на мините за кои тврди дека биле поставени во морскиот премин. Во својата порака, тој отворено се закани дека секој ирански напад врз американски сили или врз цивилни бродови ќе биде жестоко возвратен.

До овој потег дојде откако повеќечасовните директни разговори меѓу Вашингтон и Техеран завршија без договор. Американската страна тврдеше дека Иран одбил да се откаже од нуклеарните амбиции, додека иранските претставници возвратија дека САД поставиле прекумерни барања и не успеале да изградат доверба. Иранските медиуми, пак, наведоа дека главните точки на спор биле токму нуклеарната програма и контролата врз Ормускиот теснец.

Потегот има огромна тежина и за глобалната економија. Ормускиот теснец е еден од клучните светски поморски теснеци и низ него минуваат околу 20 отсто од глобалните енергетски испораки. Секоја нова блокада или воена интервенција таму директно го зголемува ризикот од нов скок на цените на нафтата, проблеми во снабдувањето и дополнителен притисок врз веќе разнишаните светски пазари.

Зачлени се на нашиот е-билтен