Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ЕУ денеска одржува донаторска конференција за Сирија

Европската Унија денеска е домаќин на меѓународна конференција за собирање средства за Сирија, откако земјотресот на почетокот на годинава ја влоши и онака лошата состојба на населението, кое живее во воени услови од 2011 година.

Три агенции на ОН соопштија дека потребите во земјата се „огромни“ и нагласија дека досега е обезбедена само една десетина од потребните финансии за помош на луѓето во Сирија и бегалците во регионот во 2023 година.

„Потребна ни е многу посуштинска финансиска поддршка од меѓународната заедница“, се вели во изјавата на Мартин Грифитс, Филипо Гранди и Ахим Штајнер, кои заеднички ги водат напорите на ОН за ставање крај на кризата во Сирија. „Обезбедувањето поголема помош на Сиријците и на оние што ги засолнуваат е апсолутно императив. Потребите се огромни“, велат тие.

Според Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР), повеќе од 14 милиони Сиријци ги напуштиле своите домови од 2011 година, а околу 6,8 милиони се уште се раселени во нивната земја, каде што речиси целото население живее под прагот на сиромаштија.

Околу 5,5 милиони сириски бегалци живеат во соседните Турција, Либан, Јордан и Ирак, како и во Египет.

Челниците на Агенциите при ОН изразија надеж дека денеска ќе бидат ветени близу 6,7 милијарди долари, колку што беа предложени на минатогодишната конференција.

Тие предупредија дека планираните 5,4 милијарди долари помош на ОН за Сирија и 5,8 милијарди долари за Сиријците во поширокиот регион оваа година се „критично недоволни“.

Зачлени се на нашиот е-билтен