Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Данскиот министер за одбрана Поулсен ги претстави плановите за обука на украински пилоти

Данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен ги презентираше плановите за можна обука на украински пилоти за борбени авиони, пред состанокот во Брисел за координирање на воената поддршка за Киев.

„Обуката треба да се одржи во базата Скридструп во Јитланд, каде се сместени данските авиони Ф-16“, рече Поулсен според данската новинска агенција Рицау.

Воздухопловната база се наоѓа на само 50 километри северно од германско-данската граница.

Данска, заедно со Холандија, ја предводи мисијата за обука на украински пилоти, која ќе почне најверојатно од август.

Поулсен рече дека планира да го претстави предлогот на состанокот денеска, надевајќи се на поддршка.

Воздушната одбрана е „исклучително важна“, изјави холандската министерка за одбрана Кајса Олонгрен во Брисел. 

Зачлени се на нашиот е-билтен