Доктори од ГОБ „8 Септември“ и од Клиниката за дерматологија во афера нелегален ботокс и филери

Ботокс

Во голема полициска акција уапсени се повеќе од десет лица осомничени за нелегален увоз и дистрибуција на ботокс и филери.

Според информациите, меѓу приведените има дерматолози, како и вработени во болницата „8 Септември“, како и сопственици на приватни ординации.

Акцијата е спроведена по наредба на Обвинителството за организиран криминал, а претреси се извршени на неколку локации, вклучувајќи ги и Скопје, Струмица и Битола.

Се сомнева дека оваа група набавувала медицински препарати на организиран начин без потребните дозволи и контроли, по што тие понатаму биле дистрибуирани и користени во естетски третмани.

Властите ги товарат осомничените за неколку кривични дела, вклучувајќи злосторничко здружување, примање мито и злоупотреба на права во областа на индустриската сопственост.

За време на претресот е запленета голема количина медицински препарати, пари, мобилни телефони и луксузно возило.

Засега нема официјални информации дали спорните препарати биле користени кај пациенти, ниту дали има евентуални последици по нивното здравје.

Истрагата е во тек.

Зачлени се на нашиот е-билтен