Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Николовски: Буџетот за 2023 е одговор на кризата, имаме над 225 милиони евра само за антикризни мерки

Филип Николоски, заменик министер за финансии

„Во моментов имаме најниска стапка на невработеност во историјата на Македонија – 14,3 проценти. Таа стапка продолжува да паѓа и покрај кризата која го зафати целиот свет, рече заменик-министерот за финансии Филип Николовски во „Детектор“ на Сител ТВ.

„Седум квартали по ред Бруто домашниот производ на Северна Македонија расте и ќе продолжи да расте иако сме во период на светска економска криза“ рече Николовски.

Заменик-министерот истакна дека само во Техонолошко-индустриско развојните зони во земајва во 2022 година креирани се дополнителни 2300 работни места.

„Извозот од ТИРЗ е над 3,7 милијарди евра. Таму работат над 16 илјади луѓе и само минатата година имаше над 400 милиони евра инвестиции во ТИРЗ“ рече Николовски.

„Буџетот за 2023 година е најголем, но е и одговор на кризата. Во Буџетот за 2023 година има обезбедено 225 милиони евра само за антикризни мерки. Дополнително има 120 милиони евра повеќе за пензионерите, 800 милиони евра за капитални инвестиции, кои ќе дадат поттик за економијата и домашните компании“.

Тој додаде дека во новиот Буџет се предвидени и над 430 милиони евра за единиците на локална самуправа, што е за 60 милиони евра повеќе од минатата година.

„Дел од даночната реформа помина во Собранието, дел чекаме да се стави на дневен ред на Комисија за финансирање и буџет. Законите и измените во даночната реформа кои ги предлагаме поминаа низ широка дебата, пет месеци со сите релевантни институции и засегнати страни“ рече Николовски.

Заменик-министерот потенцираше дека низ широк процес на дебати помина и законот за данок на солидарност, со кој компаниите кои изминатата година поради кризата оствариле екстра профит ќе треба да платат повеќе. Николовски кажа дека на една од дебатите, која била со политичките партии, немало претставници само од ВМРО-ДПМНЕ.

„Сите забелешки од дебатите, вклучително и писмената забелешка од ВМРО-ДПМНЕ ќе се земат предвид и ќе излеземе со заедничко решение, што ќе влезе во собраниска процедура. Контурата на законот ја имаме, бизнис секторот и коморите се запознаени и тие немаа никакви специјални, посебни забелешки“ рече Николовски.

-Како Влада веднаш, првите десетина дена откако започна војната, свикавме Економско-социјален совет и меѓу првите во Европа, несомнено први на Балканот, подготвивме прв пакет на антикризни мерки, вреден над 400 милиони евра. Тие мерки беа насочени да се ублажи првиот удар – инфлацијата и пораст на цени, рече Николоски.

Среде криза Владата успеа да ги покачи минималната плата и пензиите, кажа заменикот министер за финансии Филип Николоски.

-Се воспостави систем за долгорочно зголемување на минималната плата. Таа ќе се зголеми за над 12 проценти од март и ќе изнесува над 20 илјади денари. Во меѓувреме регистириравме и просечна плата повисока од 33 илјади денари. Постои и методологија со која ќе растат и пензиите, кажа Николоски.

Зачлени се на нашиот е-билтен