Поранешниот премиер на Македонија Љубчо Георгиевски реагира на употребата на термините “северномакедонец” и “северномакедонски” меѓу бугарските политичари, аналитичари и во комуникацијата во медиумскиот простот на Бугарија и на социјалните мрежи и го оценува како „однос на омаловажување и навреда“.
„Бугарската официјална политика тврди дека проблемот е само во историјата и ја признава сегашноста. Очигледно со ваква терминологија има проблеми со сегашноста. До ветото скоро сите бугарски претседатели и премиери без проблем употребува ‘македонски народ’ па и ‘братјата македонци’?!“, пишува Георгиевски.
Георгиевски укажува деја проблемот на името и формата на неговата употреба Македонија и Грција го преговараа тресет години, Бугарија, оценува тој сама се исклучи од тие разговори.
„Со меѓународниот преспански договор Грција го доби името Македонија. Ние ‘Северна Македонија’ и правото на придавката ‘македонски’ не во граматичка туку во политичка смисла. Бугарија и тука ја немаше“, потсетува поранешниот премиер.
Тој вели „ако целиот гнев на Македонците за името е кон Грција, кој ја тера Бугарија сега да биде адвокат на Грција и да го презема тој гнев на себе?“
Според Георгиевски, Бугарија за цело време демонстрира двоен стандард за името, историјата и човековите права спрема Грција и Македонија.
„Меѓу двете држави има доволно стари проблеми за да некој измислува нови“, порачува Љубчо Георгиевски.
Оваа негоа реакција доаѓа по неговата претходна објава на социјалните мрежи каде што напиша:
Верувам дека изјавата “северномакедонски” на новата министерка Чамова е логична грешка која претходно ја имаме чуено од стотина меѓународни дипломати и аналитичари и дека ќе биде поправена.
Но, вистинскиот проблем е, напиша Георгиевски, во тоа што го читам на бугарските социјални мрежи и дел на медиуми кои жестоко ја бранат.
„Тоа е за жал непотребен говор на омраза кој е остаток од времето на ветото кога го имаше во голема количина. Како што со ветото Бугарија го презема гневот од Германија и Франција кои три пати го одложија приемот во ЕУ така сега го презема гневот на Македонците од Грција чија специјалност е името“, оцени поранешниот премиер.
Тој укажува дека „името Македонец, македонско, секогаш било присутно во бугарската историска литература дури било и синоним“.
„Денешните бугарски патриоти успеаа да претстават пред меѓународната заедница дека тоа се две најнепријателски народа. Крстоносната војна што ја водат некои бугарски аналитичари против Македонец/македонски е еден од најголемите автоголови во бугарската идеолошка историја“, оценува Љубчо Георгиевски.
Тој вели: „додека србската политика го достига својот врв на србизација на Македонија после ветото, бугарската се радува на ситни победи во документи и извештаи“. „Конечно после сто и петнаесет години порази од Србите во Македонија време е да почнете да учите од нив“, порача поранешниот премиер на Македонија Љубчо Георгиевски.
