Агенција за разузнавање отфрла каква и да било инволвираност на свои припадници во веста што првично беше објавена на 19.05.2026 г., во некои медиуми и социјални мрежи за евентуално компромитирање класифицирани информаци и НАТО комуникации.
Ова се истакнува во одговорот на Агенцијата за разузнавање на прашањата на Цивил кои утрово биле упатени на адреса на агенцијата.
Од Цивил се со став дека од содржината на кусиот допис на Агенцијата за разузнавање е видливо дека институцијата се фокусира исклучиво на отфрлање на наводите за вмешаност на нејзини припадници во настаните во Кабинетот.
Во официјалниот одговор на АР, смета Цивил, нема конкретен коментар за преостанатите две прашања упатени од ЦИВИЛ, кои се однесуваа на оперативните сознанија на Агенцијата за руската врска во дигиталниот упад, како и за евентуалните вонредни мерки што се преземаат во координација со НАТО алијансата за заштита на компромитираните сојузнички податоци.
Во кусиот одговор на АР, во врска со ова само се наведува:
Во своето работење, Агенцијата, доследно ги применува сите законски стандарди и протоколи за соодветно ракување и заштита на националните и НАТО класифицираните информации.
Редакцијата при медиумската платформа на ЦИВИЛ утринава упати официјален допис до Агенцијата за разузнавање (АР) со барање за став по три клучни прашања поврзани со актуелната безбедносна афера: наводите за присуство на нивни високи припадници при првичните интервенции во Кабинетот, оперативните сознанија за потенцијална вклученост на руската разузнавачка служба (СВР) и координацијата со НАТО сојузниците за проценка на штетата.
