По скандалозната прослава на титулата и најавата за отворање дисциплинска постапка од страна на ФФМ кон ФК Вардар, директорот на тимот, Миленко Неделкоски, преку социјалните мрежи најави дека правниот тим на ФК Вардар, во официјална форма, одговорил на покренувањето дисциплинска постапка.
„ФК Вардар ја оспорува надлежноста и сите изнесени обвинувања, согласно важечките закони на Република Македонија и цитираните точки од правилниците на ФФМ. Очекуваме посериозна и законски издржана постапка“, напиша Неделковски.
Со ваквиот потег, Неделковски уште еднаш покажа дека е над законите и правилата во државата.
Инаку срамната прослава на која се навредуваше познатата македонска пејачка Каролина Гочева наиде на сериозна осуда од македонската јавност.
Но, очигледно тоа не допре до Миленко Неделковски и раководството на Вардар.
