Денеска во 17.00 часот во салара ОАКА во Атина започнува овосезонскиот Фајнл фор во кошаркарската Евролига.
Дуелите Олимпијакос – Фенербахче и Валенсија – Реал Мадрид ќе ги дадат финалистите на турнирот, а потоа и новиот шампион на Евролигата
Олимпијакос – Фенербахче (17:00 ч.)
Првиот полуфинален дуел носи епски судир на европските кошаркарски гиганти. Домаќинот Олимпијакос сонува за својот четврти трофеј пред фанатичната публика во Атина. За составот од Пиреја ова претставува вкупно 13-то учество на големите завршници. Нивниот противник Фенербахче пристигнува во Атина како актуелен бранител на шампионскиот трон. Турскиот тим досега има освоено 2 титули во својата богата клупска историја. За клубот од Истанбул ова е вкупно 7-мо учество на елитниот фајналфор.
Валенсија – Реал Мадрид (20:00 ч.)
Шпанското дерби е втората полуфинална пресметка. Дебитантот Валенсија пишува историја со своето прво учество на елитниот фајналфор. Тимот брка прва евролигашка титула во историјата против најтрофејниот клуб на континентот. Моќниот Реал Мадрид е апсолутен рекордер во натпреварувањето со дури 11 шампионски титули. За кралскиот клуб ова е 15-то учество на завршниците.
