Над 16.000 сообраќајни прекршоци во мај, одземени 238 возила

безобѕирно

Министерството за внатрешни работи инфомира дека во текот на изминатиот месец како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 16.885 издадени платни налози, 4.473 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, 3.851 за непрописно паркирање, 920 прекршоци за користење мобилен телефон.  

По однос на прекршоци по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување моторно возило”, санкционирани се 70 возачи за возење под дејство на алкохол, 241 за возење без возачка дозвола, 33 поради претходно изречена забрана за управување на возило.

Во истиот период одземени се 238 возила по член 300-б од Кривичниот законик.

Од друга страна пак, а согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 1.281 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкционирани се и 295 пешаци. Исто така, санкционирани се 1.584 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 240 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а 83 заради техничка неисправност. Санкционирани се и 55 возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии).

„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“ наведуваат од МВР.

Најчитано