Самит за спортска дипломатија меѓу земјите од Западен Балкан во организација на МОК

Македонскиот олимписки комитет организира самитот за спортска дипломатија меѓу земјите од Западен Балкан: насловен како „Спортска дипломатија: политики, практики и идни можности за стратешка употреба на спортот во унапредување на националните и дипломатските интереси“,

Самитот ќе се одржи на 3 јуни 2026 година (среда) во хотел Холидеј Ин – Скопје, со почеток во 10:00 часот.

Во рамки на Самитот ќе биде официјално промовиран и Western Balkan Sport Diplomacy Hub – регионална иницијатива предводена од Олимпискиот комитет на Северна Македонија, која има за цел да ја зајакне соработката помеѓу олимписките комитети од регионот и да ја унапреди улогата на спортот како алатка за дипломатија, меѓународна соработка и градење мостови помеѓу народите.

Настанот ќе обедини Претседатели и Генерални секретари на олимписките комитети од земјите од Западен Балкан и поширокиот регион, како и 9 Амбасадори и високи институционални претставници, кои преку две панел-дискусии ќе разговараат за современите предизвици, политики и перспективи на спортската дипломатија.

Посебен момент на конференцијата ќе биде свеченото потпишување на документот за воспоставување на Регионалниот центар за спортска дипломатија, како заедничка иницијатива на олимписките комитети од Западен Балкан.

Најчитано