Работа од соништата: двајца навивачи добиваат 50.000 долари за да ги гледаат сите 104 натпревари на Мундијалот

Додека милиони навивачи ширум светот го следат Светското првенство пред телевизорите, двајца среќници во Њујорк ја претворија својата љубов кон фудбалот во работа од соништата, откако биле избрани меѓу илјадници кандидати да ги гледаат сите 104 натпревари на турнирот за хонорар од 50.000 долари, во рамки на промотивен проект поврзан со Мундијалот што се одржува со 48 репрезентации и проширен формат.

Кевин Котоко и Остин Френклин натпреварите ги следат од специјално изработена стаклена кабина поставена на Тајмс Сквер во Њујорк, една од најпрометните локации во светот, каде за време на шестнеделниот турнир нивната задача е да ги гледаат сите натпревари, да снимаат реакции, да создаваат содржина за социјалните мрежи и да комуницираат со навивачите кои секојдневно се собираат околу инсталацијата.

Котоко, кој е голем навивач на Ливерпул, по добивањето на понудата ја напуштил работата како келнер во ресторан, истакнувајќи дека не се двоумел кога дознал дека е избран, додека Френклин го опишува искуството како необично и вели дека понекогаш има чувство како да учествува во „Труманов шоу“, бидејќи додека тие гледаат натпревари, луѓето ги набљудуваат нив.

Нивното присуство во срцето на Њујорк привлекува големо внимание од минувачите, а и двајцата велат дека и покрај долгиот распоред и секојдневната динамика, искуството за нив претставува уникатна можност и работа која тешко може да се спореди со било која друга.

Најчитано