Мој Прилеп го вратија сјајот на игралиштето кај интернатот

Десетици доброволци се вклучија во работна акција за чистење и уредување на некогашното култно игралиште кај интернатот во Прилеп.

Акцијата ја организираше граѓанската иницијатива „Мој Прилеп“, која повика граѓани да помогнат во подобрувањето на состојбата на јавните површини во градот.

На повикот се одѕвале и млади и повозрасни прилепчани, кои заеднички го исчистиле и уредиле просторот. По завршувањето на акцијата, игралиштето повторно добило почист и поуреден изглед.

Од иницијативата најавуваат дека екипата на доброволци ќе се проширува и дека ќе следуваат нови активности на други локации во Прилеп.

Граѓаните што сакаат да се приклучат можат да ги следат објавите на „Мој Прилеп“, каде ќе бидат објавувани информациите за следните работни акции.

Најчитано