Со вчерашниот резултат од 0:0 против Саудиска Арабија и поразот на Уругвај од Шпанија, Зеленортските острови успеаја да се пласираат во нокаут фазата на Мундијалот.
А во 1/16 финалето не можеа да добијат посилен и поатрактивен противник. „Сините ајкули“ како што ја нарекуваат репрезентацијата на Зеленортските острови ќе игра против Аргентина, баранител на титулата светски првак.
Дуелот ќе се игра во Мајами, Флорида на четврти јули со почеток на полноќ по европско време.
Во другите дуели од нокаут фазата ќе се сретнат и Германија – Парагвај, Франција -Шведска, Австралија – Египет, Норвешка – Брег на слонова коска.
