Прекинат сообраќајот кон скопскиот аеродром, возилата се пренасочуваат преку Рафинерија

Поради сообраќајна несреќа, утрово е прекинат сообраќајот на автопатот Куманово – Велес, кај клучката за Меѓународниот аеродром Скопје.

Прекинот е на исклучокот од Скопје кон аеродромот, а сообраќајот не се одвива од 6:06 часот. Засега нема официјални информации за околностите на несреќата, ниту колку време ќе трае прекинот.

Од ЈП „Македонија пат“ информираат дека возилата се пренасочуваат преку клучката Рафинерија. Возачите кои патуваат кон аеродромот треба да ја следат поставената сигнализација и насоките на надлежните служби.

Најчитано