Во Скопје од понеделник почнува нова акција за прскање против комарци од земја, која ќе трае четири ноќи и ќе ја опфати целата територија на градот.
Терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се спроведува од 13 до 16 јули, секоја вечер од 22 часот до 3 часот по полноќ.
Од Град Скопје информираат дека доколку временските услови не го дозволат прскањето во предвидениот термин, акцијата ќе продолжи првиот нареден ден кога ќе има поволни услови.
До пчеларите е упатено предупредување навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите и пчелните семејства за време на дезинсекцијата.
