Според податоците објавени од државниот институт за статистика на Албанија, (ИНСТАТ), во периодот јануари-јуни, во земјата влегле 5.059.069 странски државјани.
Тоа претставува зголемување од 6,2 отсто додека влезот на албански државјани изнесува 4.107.281, што е зголемување од 7,1 отсто.
Само во текот на месец јуни, на Албанја влегле 2.081.649 албански и странски државјани, или 0,9 отсто повеќе отколку во јуни 2025 година. Од нив, 1.346.279 биле странски државјани, со годишно зголемување од 1,3 отсто, додека 735.370 биле албански државјани.
Во текот на јуни, 2.008.987 албански и странски државјани излегле од Албанија, или 4,7 отсто повеќе во однос на истиот месец минатата година.
„Според регионите на потекло, поголемиот дел од странските посетители продолжуваат да доаѓаат од Европа. Јужна Европа учествува со 66 отсто од европските пристигнувања, додека Централна и Источна Европа со 14 отсто, наведува ИНСТАТ.
Податоците исто така покажуваат дека 98 отсто од странските државјани влегле во Албанија за лични цели, показател кој е зголемен за 1,6 отсто во споредба со јуни 2025 година. Во меѓувреме, влезовите за деловни и професионални цели бележат намалување од 17,7 отсто.
Бројот на туристи, според министерството за туризам, не е според очекувањата, врз што влијание имаат протестите кои речиси два месеца се одржуваат во Тирана.
