Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Колинда Грабар Китаровиќ стана копретседателка на светскиот Комитет за глобална подготвеност

Поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ е назначена на функцијата копретседател на Комитетот за следење на глобалната подготвеност (ГПМБ), пренесува хрватски Индекс.

ГПМБ е основана во 2019 година на барање на Канцеларијата на Генералниот секретар на ОН со поддршка на Светската банка и Светската здравствена организација (СЗО) и е одговорна за обезбедување сеопфатна проценка на глобалната подготвеност за здравствени итни случаи.

„Чест ми е што копретседавам со ГПМБ, заедно со г-ѓа Џои Пумафи. Со нетрпение очекувам заеднички да го водам ГПМБ како независен чувар и поборник за промени, со цел да ја постигнеме нашата заедничка цел да го направиме светот побезбеден од влијанието на пандемиите и другите здравствени итни случаи“, рече Грабар-Китаровиќ во моментот на нејзиното назначување.

На официјалната веб-страница на ГПМБ се наведува дека Грабар-Китаровиќ силно се залагала за жените и родовата еднаквост, вклучително и во контекст на пандемијата Ковид-19 и дека таа е глобален амбасадор за вакцинација.

„Г-ѓа Грабар-Китаровиќ носи длабока експертиза во надворешната политика и сложените мултилатерални процеси, како и знаење за политичките преговори, застапувањето и креирањето политики, што е неопходно за воведување промени на глобално ниво“, пишува ГПМБ.

Грабар-Китаровиќ ќе служи заедно со поранешната министерка за здравство на Боцвана, Џои Пумафи, која беше назначен за копретседавач во септември 2022 година.

Зачлени се на нашиот е-билтен