СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН ја одбија поддршката за земјоделците

СДСМ обвини дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН во Собранието го одбиле партискиот предлог-закон за дополнителна финансиска поддршка на земјоделците.

Според СДСМ, со предлогот било предвидено лозарите да добијат по осум денари за килограм грозје од сортите „Вранец“ и „Кратошија“, а сточарите дополнителна поддршка од 8.000 денари.

Партијата предложила и субвенција од 10 денари за килограм продадена пиперка, 10 денари за килограм оризова арпа и пет денари за килограм пченица.

Од СДСМ велат дека со одбивањето на законот владејачкото мнозинство покажало дека нема намера да обезбеди дополнителна финансиска помош за земјоделците.

Партијата упати и политички обвинувања кон власта за начинот на кој ги троши јавните пари, тврдејќи дека средства има за други расходи, но не и за земјоделците.

Од СДСМ најавуваат дека ќе продолжат да предлагаат мерки за поддршка на земјоделското производство.

Рацин.мк ве прашува:

Кој е најодговорен за тоа што Македонија сè уште се задушува во диви депонии?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој е најодговорен за тоа што Македонија сè уште се задушува во диви депонии?