Пожарот во населбата Лептокарија (Опш.Карпош) е изгаснат. Горела скара во угостителскиот објект „Гиро Хоусе“.
Пожар избувнал во оџакот на угостителскиот, но благодарение на брзата интервенција на пожарникарите била спречена поголема штета. Пламените јазици се појавиле од оџакот на објектот, по што веднаш била повикана Територијалната противпожарна единица.
Екипите на пожарната за кратко време пристигнале на местото и успеале да го локализираат и изгаснат пожарот. Во првичната реакција помогнале и вработените во објектот, со што било спречено огнот да се прошири на останатиот дел од локалот. Според првичните информации, нема повредени лица. Причините за избувнувањето на пожарот дополнително ќе се утврдуваат.
