СДСМ: Од загаденената вода во Гостивар направиле зделка од 100.000 евра

СДСМ

Додека водата во Гостивар и денеска останува небезбедна за пиење, СДСМ обвини дека Владата ја претворила здравствената криза во бизнис-зделка од околу 100.000 евра со компанија поврзана со кадар на ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија тврдат дека Службата за општи и заеднички работи склучила договор за набавка на флаширана вода во вредност од 100.000 евра преку директно договарање, без претходно објавен јавен оглас. Според СДСМ, договорот бил склучен со „Кожувчанка“, компанија за која партијата наведува дека е во сопственост на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, а постапката ја спровел директорот на СОЗР, Ивица Томовски.

„Додека граѓаните се трујат и одат по болници, институциите молчат и доцнат со реакција, а единствено функционираат бизнис-зделките“, обвини СДСМ, оценувајќи дека кризата со водата била искористена за договор со компанија блиска до владејачката партија.

Најчитано