Жешко до 39 степени, попладне можни дожд и грмежи

Сончево и многу топло време ќе преовладува денеска, 6 август, во Македонија, со мала до умерена локална облачност. Максималната дневна температура ќе достигне до 39 степени.

Во попладневните часови, главно во планинските региони, ќе има услови за краткотраен дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а температурата ќе се искачи до околу 37 степени.

ГрадВреме и максимална температура
Скопје☀️ До 37°C
Велес☀️ До 36°C
Штип☀️ До 36°C
Струмица🌤️ До 36°C
Гевгелија🌤️ До 36°C
Тетово☀️ До 34°C
Куманово🌤️ До 34°C
Кичево🌤️ До 33°C
Битола🌤️ До 32°C
Охрид🌤️ До 30°C

УХМР предупредува дека продолжува периодот на многу топло време, со високи температури и во ноќните часови. Локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи е можна и во следните денови.

Најчитано