Меси се врати како стартер и урна рекорд во Лига купот

Лионел Меси постигна два гола и запиша асистенција во победата на Интер Мајами од 4:2 против Атлетико Сан Луис, со што стана најдобар стрелец во историјата на Лига купот.

Аргентинецот првпат беше во почетниот состав на Интер Мајами по Светското првенство и стигна до 14 гола во само 12 настапи во натпреварувањето. Со тоа го надмина досегашниот рекорд на Денис Буанга од Лос Анџелес ФК.

Мексиканскиот тим поведе во четвртата минута со голот на Давид Родригез, но Меси израмни во 11. минута. Теласко Сеговија го комплетира пресвртот, а Меси со вториот гол во 44. минута ја зголеми предноста на Интер Мајами.

Микаел погоди во судиското продолжение на првото полувреме по асистенција на Меси, додека Рафа Љоренте во 51. минута го постави конечниот резултат. Ноа Ален учествуваше во првите три гола на домаќините со три асистенции.

Натпреварот на стадионот „Ну“ во Мајами беше прекинат речиси половина час поради невреме. По продолжувањето, Интер Мајами ја задржа предноста и со победа го започна настапот во Лига купот.

Следниот натпревар Интер Мајами ќе го одигра на домашен терен против Монтереј на 8 август.

Најчитано