Бруно Гимараеш потпиша за Арсенал

Бразилскиот интернационалец Бруно Гимараеш и официјално е нов член на лондонски Арсенал.

Гимараеш во Арсенал доаѓа од тимот на Њукасл за сума од 75 милиони фунти.

Станува збор за најскапиот трансфер на „топчиите“ во досегашниот дел од летниот преоден рок. 28-годишниот играч за врска потпиша четиригодишен договор со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.

Гимараеш во Њукасл пристигна во 2022 година од Лион за 40 милиони фунти. За „црно-белите“ одигра 195 натпревари, постигна 31 гол и го освои трофејот во Карабао купот.

По официјализацијата на трансферот, Бразилецот не го криеше задоволството.

„Се чувствувам неверојатно. Пресреќен сум поради оваа можност. Уште од првиот разговор со Андреа Берта и Микел Артета бев возбуден. Едноставно почувствував дека ми треба нов предизвик во животот и мислам дека играњето за Арсенал ќе биде навистина возбудлив предизвик.

Многу сум возбуден што ви се приклучувам. Ќе го дадам најдоброто од себе, ви ветувам. Јас сум вашиот воин и никогаш нема да се предадам. Се надевам дека заедно ќе создадеме многу убави спомени“, порача Гимараеш.

Спортскиот директор на Арсенал, Андреа Берта, истакна дека клубот добива фудбалер со одличен менталитет и лидерски способности.

„Среќни сме што го пречекуваме Бруно Гимараеш во нашиот клуб. Тој е играч со одличен менталитет и големи квалитети, кој ќе донесе силно лидерство во нашиот состав.

Со неговото доаѓање дополнително го засилуваме срцето на нашиот тим. Како што сите видовме, Бруно може да игра како дефанзивен играч за врска, но и како box-to-box фудбалер“ изјави Берта.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали ѝ верувате на водата од вашиот водовод?