Сообраќајот на патниот правец Гостивар – Стража утрово е значително отежнат по сообраќајна несреќа во која, според првичните информации, учествувале четири возила. Меѓу нив има и товарен камион натоварен со дрва.
Несреќата се случила по Гостивар, во правец кон Стража, во близина на првиот каменолом. По судирот на делницата се формирале долги колони, а возилата кон Маврово на места стојат или се движат со значително намалена брзина.
Засега нема официјални информации за евентуално повредени лица, ниту за причините и околностите под кои дошло до судирот.
Се очекуваат дополнителни информации од Министерството за внатрешни работи за учесниците во несреќата и евентуалните последици. До објавувањето на првичните информации, случајот сè уште не беше објавен во дневните полициски билтени.
