Струмичките земјоделци и денеска протестираа барајќи повисоки откупни цени за пиперката

Нов, голем протест организираа денеска струмичките земјоделци производители на пиперката – куртовска капија.

Тие, на улиците излегоа со нивните деца, револтирани од ниската откупна цена на пиперката за само 25 денари од килограм.

Земјоделците велат дека со вакви откупни цени не ги покриваат ни производствените трошоци.

Протестот беше во организација на Здружението на земјоделци „Месно здружение на млади Муртино” кое објави дека ќе има мало зголемување на откупните цени на пиперката – куртовска капија, но дека протестите ќе продолжат се до исполнување на нивните барања.

„Добивме информација директно од министерот за земјоделие Борче Серафимовски, кој по неколку одржани состаноци со фабриките, предложено е мало (минорно) зголемување на откупните цени на куртовската капија. На добар пат сме, но не сме задоволни со цени што само едвај ќе нè одржуваат во живот. Нам ни се потребни фер, реални и перспективни откупни цени што ќе ни овозможат, покривање на производствените трошоци, услови за навремено вложување во следната производствена сезона и достоинствен живот“, наведуваат организаторите со напомена дека „блокадите ќе продолжат се додека не постигнеме официјален договор за перспективни откупни цени кои што ги заслужуваме.“

Организаторите порачуваат дека овој протест не е партиски и како што велат се оградуваат од секаков вид на содржани извадени од контекст за партиски цели.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали ѝ верувате на водата од вашиот водовод?