Аркин Јахији е кандидат на ДУИ за градоначалник на Брвеница

Демократската унија за интеграција на изборите за градоначалник на Општина Брвеница ќе настапи со кандидатот Аркин Јахији, соопштија денеска од Мала Речица.

„Со Аркин целиме кон поразвиена и достоинствена Брвеница, со администрација во служба на граѓаните, конкретни инвестиции и еднакви можности за секое населено место и за секој граѓанин. Заедно, со поддршка од граѓаните, ќе работиме за подобра иднина на Брвеница.

Веруваме дека Брвеница има голем потенцијал и заслужува раководство кое ги познава потребите на граѓаните и секојдневно работи на нивно решавање.

Аркин Јахији ќе биде гласот на секој граѓанин и партнер на секој што сака да придонесе за развојот и благосостојбата на општината“ стои во соопштението на ДУИ.

Изборите за градоначалник на Брвеница собранискиот претседател Африм Гаши ги распиша за 18 октомври, а ќе се одржат откако досегашниот градоначалник почина кон крајот на месец јуни

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали Владата треба да се извини за грешката со знамето во настанот за 35 г. независност?