Пожарот кај Ново Село намерно подметнат, сторителите идентификувани

Пожарот што вчера избувна кај депонијата во Ново Село не бил случаен. Лицата кои фрлале запалив отпад се идентификувани и евидентирани, а за случајот се води постапка во соработка со СВР Струмица.

Огнот избувнал околу 13:30 часот на просторот кај депонијата, по што се проширил кон околните ридови, ниската вегетација и дел од шумскиот појас. Ширењето дополнително го забрзале високите температури, силниот ветер, сувата вегетација и големото количество отпад.

Во гаснењето биле вклучени три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, пожарникари од ТППЕ Струмица, доброволци од ДПД „РИС-ОПЕРАТИВЦИ“ од Ново Село, ЈКП „Комуна“, вработени во општината, како и компанија која со камиони носела земја на теренот.

Во текот на ноќта на терен останале три противпожарни возила со осум пожарникари-спасители, кои продолжиле со интервенцијата. Од противпожарната единица ги повикаа граѓаните да не се приближуваат до опожареното подрачје и да ги почитуваат насоките на службите на терен.

Според последните информации од Центарот за управување со кризи, пожарот зафатил дел од депонијата, мешана деградирана шума и ниска вегетација.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали Владата треба да се извини за грешката со знамето во настанот за 35 г. независност?