По денешните високи температури, од утре Македонија влегува во период на понестабилно време. УХМР најавува дека во четврток и петок попладне на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално се можни и невремиња.
На одделни места процесите може да бидат поинтензивни, со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и појава на град. Со промената ќе дојде и до пад на дневните температури за неколку степени.
Денеска, пак, времето останува сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Максималните температури во најтоплите делови од земјата достигнуваат до 40 степени, а дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец.
