По неколкудневните горештини, денеска во Македонија следува промена на времето. Ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а наместа се очекуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално нестабилноста може да прерасне во невреме со силен ветер и услови за град.
Температурите ќе се намалат за неколку степени. Минималните ќе се движат од 10 до 21 степен, а максималните од 30 до 37 степени. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер, кој наместа повремено ќе засилува.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, повремено засилен, а температурата ќе достигне до 36 степени.
Нестабилноста ќе продолжи и утре, кога повторно наместа се очекуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално и невреме со можност за град.
За време на викендот времето повторно ќе се стабилизира, а дневните температури постепено ќе растат. Во сабота максималните ќе бидат до 36, а во недела до 37 степени.
