Исчезна 15-годишната Кристина од Охрид, семејството бара помош

Петнаесетгодишната Кристина од Охрид е пријавена за исчезната, а нејзиното семејство апелира до граѓаните за помош во потрагата. Последен пат била видена вчера околу 16 часот, кога ѝ кажала на мајка си дека оди на плажа, по што нејзиниот телефон бил исклучен.

Мајката Давида Јанеска за „Слободен печат“ изјави дека заедно со сопругот го пријавиле исчезнувањето во СВР Охрид рано утринава, околу 4 часот.

Во моментот кога исчезнала, Кристина носела црна маица, широки сиви фармерки и црн ранец. Има црна коса.

Семејството ги повикува сите кои ја забележале или имаат каква било информација што може да помогне во нејзиното пронаоѓање веднаш да се обратат во полиција или на телефонските броеви 075 238-015 и 075 238-017.

Засега нема дополнителни информации за тоа каде би можела да се наоѓа 15-годишната Кристина.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали Владата треба да се извини за грешката со знамето во настанот за 35 г. независност?