Цариниците најдоа тројца мигранти скриени меѓу картонски кутии

Тројца мигранти од Судан биле пронајдени скриени меѓу кутии во товарниот дел на грчки камион при детална царинска контрола во Скопје. Случајот бил откриен при проверка на стока пријавена за увозно царинење.

Камионот превезувал стока со потекло од Кина, која била натоварена на пристаништето во Солун. Возилото потоа било пломбирано со грчка царинска пломба.

Според Царинската управа, тројцата судански државјани ја скинале сајлата во предниот дел од товарниот простор и се сокриле меѓу кутиите, каде што биле забележани при контролата.

Ова е четврти случај во последните три месеци во кој царинските службеници откриваат мигранти скриени во товарни возила.

Тројцата мигранти по откривањето биле предадени на Министерството за внатрешни работи за понатамошна постапка.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали Владата треба да се извини за грешката со знамето во настанот за 35 г. независност?