Необична сцена е забележана денеска во ВИП делот на Меѓународниот аеродром Скопје, каде владиниот авион бил влечен со трактор по аеродромската писта.
Фотосторијата ја објави ТВ21, а на фотографиите се гледа како леталото, наместо самостојно да се движи, е прикачено на аеродромско возило кое го пренесува низ ВИП зоната.
Засега нема официјална информација дали станува збор за редовно преместување на авионот, техничка интервенција или друга оперативна процедура на аеродромот.
Фотографиите сепак привлекоа внимание поради несекојдневната глетка на владиниот авион кој по пистата се движи со помош на трактор.
