Пишуваме на македонски, но сè почесто со латинични букви. Во пораки, коментари, пребарувања на интернет, па дури и во јавна комуникација, „zdravo“, „kade si“ и „shto pravish“ за многумина станаа секојдневие.
Причините се различни. Некому латиницата му е побрза, друг никогаш не ја сменил фабрички поставената тастатура, трет е навикнат така да комуницира уште од времето на СМС-пораките. Но со паметните телефони денес кириличната тастатура е достапна со еден допир, па се отвора прашањето дали навиката е доволно објаснување.
Македонскиот јазик има свое писмо и азбука. Кирилицата е дел од културниот и јазичниот идентитет, но токму во најмасовниот простор за комуникација, мобилниот телефон, често доброволно ја заменуваме со латиница.
Затоа ве прашуваме:
