ДУИ: На “не-Вреди” му го дадоа Министерството, а културата продолжува да ја води ВМРО- ДПМНЕ

ДУИ: Изет Меџити не знае за одговорност

Демократската унија за интеграција реагира на информацијата дека досегашниот министер за култура Зоран Љутков од сега е нов национален координатор за култура.

Според интегративците, именувањето на поранешниот министер Зоран Љутков за национален координатор за култура покажува колкава тежина навистина има како шот велат, “не-Вреди” во Владата. 

“По реконструкцијата, Министерството за култура им беше отстапено ним, а денес политичкото раководење со овој сектор повторно му беше доверено на Љутков, преку нова функција во Владата. 

Вреди може да ја задржи министерската функција, да именува советници за култура со завршен економски факултет и да добие некој фонд, но политиките, приоритетите и одлуките во културата продолжува да ги контролира ВМРО-ДПМНЕ. 

Министерството за нив, културата за Љутков. Ова е уште едно понижување што вреди молчешкум го прифаќа само за да зачува неколку функции во Владата“ се наведува во реакцијата.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Каква тастатура користите на мобилниот телефон?