Летонец фатен со 10 мигранти во „фиат“ кај Богородица

Полицијата приведе 59-годишен државјанин на Летонија, откако во автомобил што го управувал биле пронајдени десет мигранти од Египет, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Случајот бил откриен на 17 август околу 22 часот во гевгелиското село Богородица. Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го запреле Р.С. (59) од Летонија.

При контролата на автомобил „фиат типо“ со скопски регистарски таблички, полицајците пронашле десет мигранти, сите од Египет.

Мигрантите биле пренесени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија, додека приведениот бил предаден во Полициската станица Гевгелија.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Каква тастатура користите на мобилниот телефон?