Кривична за двајца Турци, со закани изнудиле 43,8 килограми злато

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против двајца турски државјани, Т.Д. (55) и З.Д. (54), поради сомнение дека сториле кривично дело „изнуда“.

Според полицијата, во периодот од 2019 до 2026 година, пријавените со закани присилиле 66-годишен жител на Гостивар и неговиот 41-годишен син да им предадат изработено злато со вкупна тежина од 43 килограми и 800 грама.

Од МВР наведуваат дека пријавените самоволно ја пресметувале вредноста на златото како стопена суровина, а не како готови производи, кои имале значително повисока пазарна вредност.

Според пријавата, во февруари 2025 година тие со уцени и заканувачки пораки кон синот и неговото семејство го принудиле 66-годишникот да потпише и преддоговор за купопродажба на недвижен имот. Полицијата наведува дека содржината на документот не му била прочитана кај нотар во Гостивар.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Каква тастатура користите на мобилниот телефон?