Доаѓа најсилниот топлотен бран за ова лето кон Македонија, прогноза по градови

Македонија од четврток влегува во нов период на многу топло време, а температурите ќе растат до сабота. Според актуелните метеоролошки модели, најтопло ќе биде во Скопската Котлина, Повардарието и југоисточните делови, каде дневните максимуми ќе се приближат до 40 степени.

Во Скопје во четврток се очекуваат околу 38 степени, а во петок температурата може да достигне 40 степени. Многу топло ќе остане и во текот на викендот, со максимални околу 39 степени. За скопскиот регион за четврток е активно и жолто предупредување за високи температури.

Силен топлотен бран истовремено го зафаќа и Балканот. Српскиот хидрометеоролошки завод предупредува дека од 20 до 25 август во централните и јужните делови од Србија локално се можни температури околу 42 степени.

Во Македонија, според сегашните модели, највисоки температури се очекуваат во петок и сабота. Велес може да достигне околу 39 степени, исто како и Гевгелија, додека во Штип и Струмица се прогнозираат до 38 степени.

Прогноза по градови за следните четири дена

ГрадЧетврток 20.08Петок 21.08Сабота 22.08Недела 23.08
Скопје☀️ 38°C☀️ 40°C☀️ 39°C☀️ 39°C
Куманово☀️ 37°C☀️ 38°C☀️ 36°C☀️ 36°C
Тетово☀️ 36°C☀️ 37°C🌤️ 37°C🌦️ 36°C
Гостивар☀️ 36°C🌤️ 34°C🌦️ 38°C🌦️ 37°C
Охрид☀️ 32°C☀️ 32°C🌤️ 33°C☀️ 34°C
Битола☀️ 34°C☀️ 36°C🌤️ 36°C☀️ 35°C
Прилеп☀️ 36°C☀️ 37°C🌤️ 37°C☀️ 36°C
Велес☀️ 37°C☀️ 39°C🌤️ 39°C☀️ 38°C
Штип☀️ 36°C☀️ 37°C☀️ 38°C🌤️ 36°C
Струмица☀️ 35°C☀️ 37°C☀️ 38°C☀️ 37°C
Гевгелија☀️ 36°C☀️ 38°C🌤️ 39°C☀️ 39°C
Берово☀️ 32°C🌤️ 33°C☀️ 34°C🌤️ 33°C

На запад и југозапад температурите ќе бидат нешто пониски, но и таму ќе има значително затоплување. Во Охрид максималните ќе се движат од 32 до 34 степени, а во Битола до околу 36 степени.

Во делови од западна Македонија за време на викендот моделите покажуваат и можност за краткотрајна локална нестабилност, особено околу Тетово и Гостивар.

Прогнозите за температурите се моделски и може да претрпат помали корекции во следните денови.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Каква тастатура користите на мобилниот телефон?