По пет години, ОЈО ГОКК го затвори предметот за 19-те модуларни болници

сериски

По речиси пет години проверки, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција го затвори предметот за јавните набавки за изградба на 19 модуларни болници во Македонија. Обвинителството соопшти дека не утврдило основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувањата при набавките.

Предметот беше отворен по допрен глас на 10 септември 2021 година, два дена по пожарот во модуларната ковид-болница во Тетово, во кој загинаа 14 лица, а десетина беа повредени. Тогаш ОЈО ГОКК најави проверка на документацијата за набавката и изградбата на сите модуларни болници во земјава.

Обвинителката Верица Бержецка-Крстева на денешниот брифинг со новинарите соопшти дека била анализирана обемна документација и дека не биле утврдени дејствија со кои службените овластувања биле пречекорени, ниту штета на државниот буџет. Според ОЈО ГОКК, нема елементи за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.

Во проверките биле опфатени постапките за набавка на вкупно 19 модуларни болници. За 17 од објектите, според информациите презентирани на брифингот, биле обезбедени потребните елаборати и сертификати. Светска банка, која била вклучена во проектот, немала забелешки за набавката и вградените материјали, туку дала препораки за подобрување на протоколите за противпожарна заштита.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Каква тастатура користите на мобилниот телефон?