Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Алексис Ципрас, единствениот грчки премиер што оствари официјална посета на Скопје

Сања РИСТОВСКА (МИА)

Горд сум за она што го постигнавме. За излезот од меморандумите и подмирувањето на долгот. За излечените рани на општеството и економијата. За вратениот меѓународен имиџ на Грција. И секако за историскиот Договор од Преспа, порача меѓу другото, сега веќе поранешниот лидер на СИРИЗА, Алексис Ципрас, соопштувајќи го во четвртокот неговото повлекување од лидерската позиција, јави дописничката на МИА од Атина.

Во 12-минутната изјава, соопштувајќи го повлекувањето од партијата, Алексис Ципрас се осврна на сето она што во изминатите 15 години го поминал како лидер на партијата, за како што рече, „зае

Доколку се анализира премиерскиот мандатот на Ципрас, со фокусот ставен на билатералните односи меѓу Северна Македонија и Грција, придонесот на Ципрас во нормализирањето на односите не е за занемарување, не само поради Договорот од Преспа, туку и поради тоа што останува единствениот премиер на Грција кој остварил официјална посета на нашата земја, но паралелно е и единствениот грчки премиер на функција кој дал интервју за македонски медиум.

Патот кон нормализирање на односите се отвори со Договорот за време на Владата на СИРИЗА, но ова нормализирање продолжи без разлика на промената на власта во Грција, а веројатно Ципрас одигра една од клучните улоги.

Само месец и половина откако договорот стапи во сила со ратификацијата во двата Парламенти, а помалку од една година по потпишувањето, во април 2019 година, Ципрас го посети Скопје, што беше прва официјална посета на грчки премиер на нашата земја.

Ципрас пристигна со министри од Владата и бизнис делегација, а свечено пречекан од тогашниот македонски премиер Зоран Заев, помина во позитивна, срдечна и пријателска клима, а многумина ја нарекоа и посета со историско значење.

Беше одржана првата заедничка седница на Високиот совет за соработка меѓу двете земји и се потпишаа низа договори, а ќе останат запаметени и селфи фотографиите на двајцата тогашни премиери на платото пред Владата.

Ден пред посетата, Ципрас даде интервју за МИА, прво на грчки премиер за македонски медиум во кое истакна Грција и Северна Македонија мора да бидат партнери и сојузници,  Атина треба да има стабилен и безбеден северен сосед, а Скопје има потреба од силен сосед што ќе ги поддржува нејзините чекори кон европската перспектива.

Една година по потпишувањето на Договорот од Преспа, СИРИЗА загуби на локалните и европските избори и Ципрас, како тогашен премиер, реши да оди на предвремени парламентарни избори, кои исто така ги загуби, а партијата замина во опозиција.

Доста често во Грција, во тој период се споменуваше дека токму договорот е причината за поразот во 2019 година, а самиот Ципрас во разговор со дописничката на МИА од Атина по повод три годишнината од потпишувањето на договорот, во јуни 2021 година истакна дека како прогресивни политичари промовираат решенија, дури и ако за тоа постои политичка цена.

Алексис Ципрас во секоја прилика и како премиер, но и како лидер на опозицијата го споменуваше Договорот од Преспа, како дел од успесите на неговата Влада,некогаш во конткст на внатрешно –политичките конфронтации во земјата и доста често потенцирајќи дека да не беше решението „Грција на северната граница ќе имаше Либија, а воздушниот простор на соседната земја наместо грчките ќе го надгледуваа турските воени авиони“.

Интензивните неколку месечни преговори за решавање на спорот и Договорот од Преспа и резултираа тогашните премиери на двете земји Зоран Заев и Алексис Ципрас да имаат зачестени разговори што прерасна и во лично пријателство.

За време на потпишувањето на Договорот од Преспа, Заев му ја подари вратоврската на Ципрас, кој во интервјуто за МИА објасни дека не носи вратоврски бидејќи неговото јавно појавување е врежано без вратоврска, а онаа од Заев ја чувал во фиоката од бирото, за како што рече, да го потсетува „на историскиот момент, на храбриот чекор напред за пријателство и соработка народи, што беше потпишувањето на Договорот од Преспа“.

Претседателот на грчката партија Сириза и поранешен премиер на Грција, Алексис Ципрас цитирајќи ги македонските поети Блаже Конески и Владимир Мартиновски истакна дека дека лидерот на СДСМ, З

На двојните парламентарни избори во Грција на 21 мај и 25 јуни годинава СИРИЗА претрпе голем пораз, а лидерот на партијата во четвртокот си поднесе оставка. 

Алексис Ципрас 15 години ја водеше СИРИЗА, а во периодот од јануари 2015 година до јули 2019 година беше премиер на Грција.

Зачлени се на нашиот е-билтен