Генералното собрание на Европската еспорт федерација (EEF) во Скопје 

Во Скопје денеска успешно се одржа Генералното собрание на Европската еспорт федерација (EEF), и за прв пат беше домаќин на еден од најзначајните собири на европската еспорт заедница.

Собранието официјално го отвори Радослав Настасијевиќ Варџиски, заменик-министер за дигитална трансформација, кој во своето обраќање ја истакна важноста на развојот на дигиталниот сектор и потенцијалот што еспортот го има за младите, технологијата и иднината.

На присутните им се обрати и Борко Ристовски, министер за спорт, кој ја потенцираше важноста на еспортот како современа спортска и општествена дисциплина и потребата од понатамошна поддршка и развој на оваа област.

Во рамки на Генералното собрание беа одржани и изборите за новото раководство на Европската еспорт федерација.

За претседател на Европската еспорт федерација беше избран Горан Кузмиќ, со 55% од вкупниот број гласови, со што тој го презема водството на европската еспорт структура до 2028 година.

На изборите беше избран и нов член на Одборот на EEF, Ото Такала, со 14 освоени гласови.

За Македонската еспорт федерација (MESF), домаќинството на Генералното собрание претставува значаен момент и важен чекор за позиционирањето на Северна Македонија на европската еспорт мапа.

Горди сме што за првпат имавме можност да бидеме домаќини на ваков настан и да ја донесеме европската еспорт заедница во Скопје. За нас ова е голем чекор и уште една потврда дека и Македонија има свое место на европската еспорт сцена. Веруваме дека ова е само почеток и дека во периодот што следи ќе создадеме уште повеќе можности за развој и раст на еспортот кај нас,” истакна Бобан Тотовски, претседател на Македонската еспорт федерација.

Успешното одржување на Генералното собрание во Скопје претставува уште еден чекор кон поголема видливост и меѓународна поврзаност на македонскиот еспорт, како и можност за понатамошна соработка со европските национални федерации и институции.

Со новото раководство на EEF и со заедничката визија за развој на еспортот, европската еспорт заедница продолжува да гради посилна, поорганизирана и поодржлива иднина.

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?