Хаос на Косово, се фрлаат камења и судири со полицијата

Протестите во Косово по пресудата за поранешниот претседател Хашим Тачи и тројцата други поранешни лидери на ОВК прераснаа во инциденти. Групи демонстранти фрлаа камења кон зградата на Владата во Приштина и кон објектот на ЕУЛЕКС во Косово Поле, а полицијата постави кордони околу клучните институции.

Тензиите најпрво се зголемија кај седиштето на ЕУЛЕКС. Според медиумските извештаи од местото, дел од демонстрантите се обиделе да се приближат до објектот, а група лица фрлала камења, при што биле искршени неколку прозорци. На терен биле распоредени единици на косовската полиција.

Протестот потоа продолжил кон центарот на Приштина, каде дел од насобраните фрлале камења кон зградата на Владата и повеќепати се обидувале да го пробијат полицискиот кордон. Според досега објавените информации, најмалку едно лице било приведено во текот на инцидентите.

Косовската полиција уште два дена пред изрекувањето на пресудата соопшти дека подготвила посебен безбедносен план за 16 септември, во координација со ЕУЛЕКС, КФОР, Канцеларијата на ЕУ, ОБСЕ и Амбасадата на САД. Полицијата тогаш повика сите собири да поминат мирно и без инциденти.

Незадоволството избувна откако Специјализираните совети во Хаг го осудија Тачи на 25 години затвор. Јакуп Красниќи исто така доби 25 години, Кадри Весели 18, а Реџеп Селими 13 години. Судот ги прогласи за виновни за воени злосторства поврзани со незаконско затворање, сурово постапување, тортура и убиства.

Според пресудата, судот утврди кривична одговорност за произволно затворање на 385 лица, тортура на 303 и убиства на 96 лица. Четворицата беа ослободени од обвиненијата за злосторства против човештвото, бидејќи судот оцени дека обвинителството не докажало широко распространет или систематски напад врз цивилното население.

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?