30 тони челик под земја за најтешкиот дел од автопатот Кичево-Охрид

Арматурни кафези тешки по околу 30 тони се спуштаат до 28 метри под земја кај Ботун, каде се работи на стабилизација на еден од најпроблематичните делови од автопатот Кичево-Охрид. Под трасата треба да се создаде масивна армирано-бетонска конструкција која ќе го држи нестабилното земјиште и ќе овозможи продолжување на изградбата.

Министерот за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски денеска извршија увид во работите кај Ботун, каде нестабилната графитна почва и големото количество подземна вода со години претставуваат еден од најголемите инженерски проблеми на проектот.

За стабилизацијата моментално се користат три специјални машини, секоја тешка околу 130 тони, а најавено е ангажирање и на дополнителни машини.

Тие дупчат на длабочина меѓу 20 и 28 метри, по што во земјата се поставуваат арматурните кафези и се исполнуваат со бетон. Конструкциите дополнително се поврзуваат со цевки и челични јажиња, со што под површината се формира систем кој треба да ја обезбеди стабилноста на автопатот.

Вакви армирано-бетонски колови треба да бидат поставени на околу 250 позиции долж автопатот. Од нив, 163 се на подрачјето кај Ботун, додека останатите се распоредени на други критични точки од трасата, меѓу кои и кај Кнежино во близина на Кичево.

Според Трајановски, стабилизацијата на косините е еден од главните проблеми што требало да се решат на автопатот. По дополнителните геолошки истражувања биле подготвени две главни технички решенија – изградба на галерии и стабилизација со бетонски столбови. Кај Ботун се применува вториот метод, по проект изработен од ГИМ во соработка со инженерите на „Синохидро“.

Автопатот Кичево-Охрид е долг 57 километри. Според последните податоци од Министерството за транспорт, изградени се околу 37 километри, од кои 34 километри веќе се во функција.

Во следните два месеци, според најавата на Николоски, треба да биде пуштен во употреба и делот од Подвис до Врбјани, во кој се наоѓаат тунелите кај Пресека. Едната тунелска цевка е долга 2,1 километар, а другата 1,9 километар. Со отворањето на овој дел, функционални би биле околу 47 километри од автопатот.

Потоа би останале уште околу десет километри, главно на подрачјето кај Ботун и на делот над Кичево.

Николоски повтори дека планот е целиот автопат да биде пуштен во употреба во првата половина на 2027 година, со употребна дозвола. Реализацијата на рокот, според него, ќе зависи и од временските услови во текот на зимата.

Автопатот Кичево-Охрид се гради повеќе од една деценија, а во текот на реализацијата проектот се соочи со повеќе проблеми со трасата, свлечишта и нестабилни косини, што наложи дополнителни геолошки истражувања и нови технички решенија.

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Веќе имате гласано на оваа акента.

Да, како изборен предмет или како програма за сите ученици 655 (72%)
72 %
Не, тоа е исклучива одговорност на семејството 171 (19%)
19 %
⁠Немам став 90 (10%)
10 %

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Веќе имате гласано на оваа акента.

Да, како изборен предмет или како програма за сите ученици 655 (72%)
72 %
Не, тоа е исклучива одговорност на семејството 171 (19%)
19 %
⁠Немам став 90 (10%)
10 %