До 5.000 денари месечно за талентирани ученици од Центар

Општина Центар отвори повик за ученички стипендии до 5.000 денари месечно за талентирани основци од општинските училишта, а поддршката ќе се исплаќа осум месеци во учебната 2026/2027 година.

Стипендиите се наменети за ученици со постигнувања во културата, науката, техниката, посебните вештини и спортот. Дополнително, Општината ќе додели стипендии и за осум талентирани ученици од семејства со висок социјален ризик.

За култура, наука, техника и посебни вештини се предвидени месечни стипендии од 4.000 и 4.500 денари, додека за спортските стипендии износите се 3.500, 4.500 и 5.000 денари месечно.

Градоначалникот Горан Герасимовски соопшти дека износите се зголемени за 50 проценти и оцени дека мерката треба да обезбеди поголема поддршка за знаењето, талентот и спортските постигнувања на учениците.

Секој ученик може да аплицира само во една категорија.

За пријавување се бара потврда дека ученикот е редовно запишан, кратка биографија, контакт од родител или старател, копии од свидетелствата, како и дипломи, признанија, награди и потврди од надлежни федерации или акредитирани организации, зависно од категоријата.

Документите се поднесуваат во Архивата на Општина Центар или по пошта на улица „Михаил Цоков“ бр. 1 во Скопје.

Крајниот рок за пријавување е 23 септември 2026 година, а деталните услови за секоја категорија се објавени на веб-страницата на Општина Центар.

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?