Голем пожар над Ламан кај Химара, силниот ветер ги шири пламените јазици

Голем пожар утрово избувна на ридовите над областа Ламан, во близина на Химара на југот на Албанија. Огнот се шири брзо поради силниот ветер, а пожарникарски екипи се на терен и се обидуваат да го стават под контрола.

Според информациите од албанските медиуми, пожарот избувнал околу 9 часот. За кратко време пламените јазици се прошириле низ ридскиот терен, зафаќајќи грмушки и дрвја.

Засега нема информации за повредени лица или причинета материјална штета. Според последните информации, огнот не претставува непосредна опасност за куќите во областа.

Силниот ветер во моментов е главниот проблем за пожарникарите, бидејќи го забрзува ширењето на огнот и ја отежнува интервенцијата на ридскиот терен. Пожарот сè уште е активен, а надлежните засега не објавиле податоци за површината што е зафатена.

Химара веќе се соочи со големи пожари на почетокот на септември. Во тогашната операција беа ангажирани повеќе од 170 припадници на албанските вооружени сили, над 300 пожарникари и повеќе од 20 противпожарни возила, а пожарите зафатија и шест куќи.



Рацин.мк ве прашува:

Што ќе ни донесе вештачката интелигенција во следните пет години?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Што ќе ни донесе вештачката интелигенција во следните пет години?