Европската комисија ја „пере“ фон дер лајен: Средбата со Вучиќ била случајна, кратка и безначајна

Вучиќ

Кратката средба меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во Њујорк не била однапред планирана, соопшти Европската комисија.

„Тие се сретнале случајно и накратко на маргините на Генералното собрание на ОН. Разговорот бил спонтан, многу краток и ништо повеќе“, изјави портпаролката на Комисијата, Аријана Подеста.

Вучиќ објави фотографија од средбата на социјалните мрежи и рече дека ѝ изразил на Вун дер Лајен „искрена благодарност за сè што направила за Србија во последните години“. Претседателката на ЕК дури и не го спомена разговорот меѓу своите објави за средбите во Њујорк.

Вун дер Лајен ќе го посети Западен Балкан следната недела, но нема да патува во Србија и Босна и Херцеговина. Официјалното објаснување е дека во двете земји се водат изборни кампањи.

Според неофицијални информации, на одлуката влијаела и реакцијата на српските власти по смртта на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ и неговиот погреб со државни почести во Белград. Фон дер Лајен изјави дека е „шокирана“ од снимките од церемонијата.

Рацин.мк ве прашува:

Што ќе ни донесе вештачката интелигенција во следните пет години?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Што ќе ни донесе вештачката интелигенција во следните пет години?