202 килограми сладолед и мраз завршија во отпад, АХВ казни 45 објекти

Агенцијата за храна и ветеринарство изрекла 45 парични казни во вкупна вредност од 19.430 евра по летните контроли во објекти за производство и продажба на сладолед и мраз. Во контролите биле откриени и небезбедни производи, од кои 202 килограми биле повлечени и уништени.

Инспекторите на АХВ од почетокот на јули до крајот на август спровеле 560 вонредни контроли кај производители на сладолед и мраз, но и во угостителски објекти кои сами произведуваат вакви производи за сопствени потреби.

При контролите биле утврдени повеќе видови неправилности – нерегистрирани оператори со храна, недостиг на потребни лабораториски анализи и здравствени прегледи, неправилно означување на производите и несоодветни хигиенски услови.

Инспекторите презеле мерки и во случаите кога производите не ги исполнувале условите за безбедност. Вкупно 202 килограми сладолед и мраз биле прогласени за небезбедни и нештетно уништени.

На операторите кај кои биле констатирани неправилности им биле издадени решенија и наредби за нивно отстранување, а во 45 случаи биле изречени парични казни. Вкупниот износ на санкциите е 19.430 евра во денарска противвредност.

Контролите биле спроведени во периодот кога потрошувачката на сладолед и мраз е најголема, а високите температури дополнително го зголемуваат значењето на правилното производство, чување и ракување со овие производи.

Рацин.мк ве прашува:

Што ќе ни донесе вештачката интелигенција во следните пет години?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Што ќе ни донесе вештачката интелигенција во следните пет години?